Потпишан меморандум за соработка меѓу АВМУ и АХВ, потрошувачите ќе се штитат од измама со храна

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска потпишаа меморандум за соработка, во врска со рекламирање, телешопинг, пласирање производи и спонзорство за храна и додатоци во исхрана во програмите на радијата и телевизиите, особено во поглед на здравствените и нутритивни тврдења, за тврдењата за намалување на ризикот од болест и за измамите поврзани со храна, соопшти АВМУ.

Целта на потпишувањето на меморандумот, како што посочуваат, е да се заштитат здравјето и интересите на потрошувачите и граѓаните да имаат можност да направат личен и правилен избор врз основа на вистинити и чесни информации.

Имајќи ја предвид ранливоста на најмладите, додаваат, посебен фокус ќе биде ставен на аудио и аудиовизуелните комерцијални комуникации што се составен дел или ги придружуваат емисиите за деца, а кои содржат масти, заситени масни киселини, сол/натриум и шеќери, чие прекумерно внесување во вкупната исхрана не е препорачливо.

„Размената на информации меѓу двете агенции ќе биде во функција на доследно почитување на законски пропишаните правила и стандарди за комерцијални комуникации кои се однесуваат на храна и додатоци во исхраната, посочи директорот на АВМУ“, Зоран Трајчевски.

Директорот на АХВ Николче Бабовски истакна дека преку договорената соработка, во рамки на националната регулатива која се однесува на оваа област, денеска, заедно со АВМУ, пред потрошувачите, институциите и бизнис заедницата ги поставиле основите за одговор на современите барања за рекламирање на оваа категорија производи, што, како што посочи, ќе биде гаранција дека на пазарот се нуди максимално безбедна храна и додатоци во исхраната, а потрошувачите не се доведуваат во заблуда и измама од страна на операторите. 

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе