Време

Посвежо со повремен пороен дожд, утре пак сончево и топло

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, претежно во првиот дел од денот ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер кој вдолж Повардарието ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од 15 до 24, а максималната ќе достигне од 29 до 37 Целзиусови степени. 

Во Скопје, променливо облачно, посвежо и понекаде во регионот со повремено пороен дожд и појава на грмежи. Ветерот ќе биде северен и краткотрајно ќе засилува.  Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе достигне до 33 степени. Маврово 26, Охрид 29, Битола 33, Крива Паланка и Берово 29, Кавадарци 36, Дојран 37.

За утре прогнозата е сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец и температури од 28 до 37 степени.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе