Време

Посвежо денеска и утре, од вторник пак многу топло

Денеска и утре времето во Македонија ќе биде малку посвежо, синоптичарите најавуваат пониски температури за некоj степен.

Денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 27 до 39 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје слично време со утринска температура до 17 степени и дневна до 36 степени. Маврово 27, Охрид 30, Битола 35, Крива Паланка 31, Берово 29, Кавадарци 39, Дојран 39.

И утре времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а дневните температури ќе се движат од 27 до 38 степени.

Веќе од вторник повторно ќе биде многу топло со пораст на дневните температури до 40 степен. Најтопло ќе биде во четврток кога, според најавите, максималната температура ќе се движи од 33 до 41 степен. Од средина на неделата ќе има услови за краткотрајна попладневна изолирана нестабилност. 

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе