Преку организиран државен протокол најдоцна до петок

Посмртните останки од патниците кои изгореа во автобусот на „Беса транс“ ќе се донесат со авион до петок

Предавањето на телата на нашите сограѓани кои ги загубија животите во трагичната автобуска несреќа во Бугарија ќе биде направено преку организиран државен протокол најдоцна во петок, информира Министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„По остварениот разговор со бугарскиот обвинител од Софија, надлежен за трагедијата од 23 ноември, Сарафов, сакам да ја информирам јавноста дека е донесена одлука за предавањето на телата на нашите сограѓани кои ги загубија животите во трагичната несреќа во четврток, 2 декември. Владата на Р. Бугарија го прифати нашето барање преносот од Софија до Скопје да се изврши со авион на Р. Бугарија, додека од меѓународниот аеродром Скопје, преку организиран државен протокол истиот или наредниот ден петок, 3 декември, останките ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови“, објави на својот фејсбук-профил Османи.

Османи, посочува дека останувам во блиска комуникација со семејствата за останатите детали, и дека јавноста исто така ќе биде информирана навремено. 

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе