Посебен сообраќаен режим во Скопје од 9 до 12 часот

Поради натпреварот „Триоги Триатлон" денеска во периодот од 9 до 12 часот ќе има посебен сообраќаен режим по одредени улици низ Скопје.

Стартно-целната позиција на натпреварот е Спортскиот центар „Борис Трајковски", а натпреварувачите ќе се движат на дел од улиците околу СЦ „Борис Трајковски" и по десната коловозна лента од бул.„Илинден", потоа на потегот од крстосницата на бул.„8 Септември" до крстосницата со ул.„Љубљанска" и обратно, информираат од МВР.

Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе