На повеќе места особено во западните делови денеска и утре

Пороен дожд и грмежи попладне, УХМР предупредува да не се стои на отворено

На повеќе места особено во западните делови денеска и утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во делови од скопската котлина денеска и утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР и препорачуваат во случај на појава на електрични празнења да се внимава и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе