Поранешниот началник на СВР Велес, Игор Ангеловски почина од ковид-19

На инфективната клиника во Скопје вчера како последица од ковид-19 починал Игор Ангеловски, поранешен началник на СВР Велес.

Ангеловски, како што објавија повеќе медиуми, на инфективното одделение во Велес бил хоспитализиран на 7 октомври, но откако по неколку дена му се влошила ситуацијата, тој бил префрлен на Клиниката за инфективни и фебрилни болести во Скопје. Неколку дена бил прикачен на респираторна машина, по што вчера починал. Ангеловски имал 41 година.

Ангеловски е 25-та жртва од коронавирусот во Велес од почетокот на епидемијата, а во овој град од минатата недела до сега починаа 10 лица.

Инаку, Ангеловски беше началник на СВР Велес во периодот од 10 јануари до 27 јули оваа година.

Како што тргнало, на крај, кога ќе го оствариме сонот и конечно ќе влеземе во ЕУ, ќе бидеме нација X, со јазик Y, со националност Z? Кој ќе се радува на тоа?

повеќе

Зошто да не му веруваме на лидерот кој е на чело на колоната запатена кон ЕУ?

повеќе

Логиката е кога веќе се успеа со Преспанскиот договор, кога веќе отстапката е потпишана, зошто да не се направи тоа и со Бугарија.

повеќе