Крик на битолчани

Порака од црвениот тепих на „Браќа Манаки“ - Кажете им на облаците дека Битола умира!

Група граѓански активисти од Битола од црвениот тепих на фестивалот „Браќа Манаки“ ја испратија пораката дека крајно време е Битола да почне да живее.

„Кажете им на облаците дека Битола умира, нека знаат Милтон, Јанаки, Такецо, Пепи Бафтировски, Ајри Демировски, Сашка Петковска... дека песните за неа сега се таговни, а ние битолчани сме расплакани. Кажете им на облаците дека Битола умира на улица, на училиште, на работа, на театар, на кино, на фудбал, на ракомет…“.

Жолтиот балон и пораката на годинешното издание на фестивалот „Браќа Манаки“ (Tell the clouds) беа искористени од оваа група за модификација на пораката. Синоќа на црвениот тепих, а и низ градот граѓанските активисти испратија и една поинаква пораката. На нивните жолти маици е испишана пораката  Tell the clouds Bitola is dying! – Кажете им на облаците Битола умира!

„Битола умира поради негрижата кон градот и масовното иселување поради загадувањето, а оваа порака го изразува огромното незадоволство на граѓаните кои сметаат дека е крајно време Битола да почне да живее и битолчани да дишат чист воздух.

Битола умира чекајќи да дојдат подобри времиња со загадувањето. Во сите области се неопходни промени. Сакаме да порачаме дека градот е заборавен. Секојдневно се соочуваме со иселување, заболувања. Заборавен е во цела Македонија и сакаме да потсетиме дека постои. Не ни е целта да го бојкотираме фестивалот. Напротив тој мора да постои. Сакаме да укажеме дека Битола живее само таа недела додека е фестивалот“, велат граѓаните на Битола. 

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе