Пред Собранието побараа еднаквост пред законот

Порака до политичарите на „Скопје прајд 2022“: Даноци не плаќаат само стрејт, туку и геј, и би и транс луѓето...

Под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда." денеска во Скопје по трет пат се одржува Парадата на гордоста. Присутните на политичарите им порачаа дека сите плаќаат даноци, а не само стрејт, туку и геј, и би и транс луѓето и од пред Собранието побараа еднаквост пред законот.

Непоимливо е во 21 век сè уште да сме сведоци на дискриминација само затоа што некој го живее животот според сопствена определба – сите ние сме луѓе и плаќаме еднакви даноци и имаме еднакви обврски, ред е да уживаме и еднакви прави во ова општество, порачаа учесниците на парадата попладнево од пред платото во паркот „Жена-борец" во Скопје.

„Тука сме за сите наши блиски и далечни, за сите наши познати и непознати, кои што биле избркани од дома затоа што се геј. Кои што биле избркани од работа затоа што се транс. И кои што биле физички и психички малтретирани затоа што не влегуваат во тесните рамки на она што некој го нарекува нормално“, изјави Ева, водителката на програмата на „Скопје Прајд 2022“.

Потребна е, нагласи таа, силна институционална заштита и брза реакција против секој облик на насилство, но и образовен систем што, како што рече, нема да не учи да се мразиме и срамиме од самите себе.

Тие, исто така, ги повикаа да го стават на дневен ред и Законот за матична евиденција со кој ќе се регулираат назнаките на транс-родовите лица, но и да се размислува за исти права за оние кои живеат во истополови бракови.

Меѓу присутните кои дадоа поддршка на Скопје прајд 2022 беа и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

На социјалните мрежи пораки за поддршка упатија претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски.

Парадата на гордоста во Скопје се одржува во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, а ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на АРМ во Градскиот парк.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе