Поради жртвите во сообраќајки во недела мирен протест на „Партизанска“ во Скопје

Во недела на 30 ти јануари на булеварот „Партизански одреди" ќе се одржи мирен протест во знак на револт кон сообраќајното насилство и начинот на кој се третирани пешаците и сите учесници во сообраќајот, кои се придржуваат до правилата, а со последната трагедија каде што на 20.01.2022 згасна млад живот, згасна надежта Викторија да ги оствари своите соништа, стои во онлајн закажаниот настан на социјалната мрежа Фејсбук.

Во поканата до корисниците на социјалната мрежа стои дека токму поради последните случувања на улиците и пешаците како жртви, со почеток од 12 до 13 часот ќе се оддржи мирен протест на раскрсницата на бул."Партизански одреди" кај Сити мол. 

„Достоен и јавен собир каде што ќе оддадеме почит кон Викторија Николова како последна жртва во ваквото сообраќајно насилство, а воедно и ќе оддадеме почит кон сите жртви во вакви и слични сообраќајни несреќи. Нашата цел е единствена, а тоа е да се стави крај на бeзобзирното возење ни улиците во државата и да ја подигнеме свеста на учесниците во сообраќајот дека нашите деца, а и самите ние треба да се движиме слободно на пешачките зони и по тротоарите, зато што тоа е единственото место каде што пешаците треба да се чувствуваат слободно", стои во поканата на Фејсбук.

 

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе