Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на целата територија на државата. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Поради врнежите од снег и ниски температури од 17 часот на патниот правец Струга – Г.П. Ќафасан е воведена забрана за сообраќај на тешките товарни возила. За останатите видови на возила се препорачува задолжително носење на зимска опрема во возилата и нејзина употреба ако условите на патот тоа го бараат.
Од 10:00 часот поради врнежи од снег и ниски температури има забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.
Од 07:00 часот, поради врнежи од снег, на патниот правец крак Маврово – Дебар е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.
Попладневно од 15.10 часот на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато се воведува задолжителна употреба на зимска опрема за тешките моторни возила. На патниот правец Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег и ниски температури на учесниците во сообраќајот им се препорачува задолжително да носат зимска опрема и по потреба истата спрема условите на патот да ја употребат.
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – Г.П. Деве Баир е воведена попладнево од 18.20 часот.
Од 18.10 забрана за движење за тешките товарни возила има и на планинскиот премин Плетвар.
Поради врнежите од снег попладнево воведена е забрана и на сообраќајот за тешки товарни возила на превојот Ѓавато и Барбарос.
Од 18.30 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос и од 18.50 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.