Расте бројката на заразени осуденици во затворот во Штип

Чавков префрлен во приватна болница, позитивни на ковид-19 се Кољо и Пешов

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков кој се зарази до ковид-19 во затворот во Штип, поради намалена сатурација ноќта ја поминал во штипската модуларна болница. По барање на семејството тој попладнево е спроведен во приватна болница во Скопје. Директорот на затворот во Штип, Мики Тодоров за МКД.мк вели дека до сега во затворот во Штип заразени се вкупно седум осудени лица. Меѓу позитивните на коронавирусот се и поранешниот началник на специјалните полициски сили, Митко Пешов и Никола Митревски-Кољо, кој беше осомничен како еден од главните организатори на насилствата во Собранието на 27 април.

Во затворот во Штип во изолација се 13 осуденици кои престојувале во крилото во кое се заразија Чавков  и останатите осуденици. За сега никој од нив нема симптоми. Во приватната болница во Скопје, Чавков го чуваат и затворски чувари бидејќи се работи за осудено лице. 

Според затворскиот лекар, здравствената состојба на останатите осуденици е добра и се изолирани во три посебни простории.

Од вработените во затворот во Штип позитивни на ковид-19 се тројца. 

 

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе