Поголем товар за државната каса

Поради членството во НАТО постојано ќе расте буџетот за македонската армија

Буџетот за 2021 година за Министерството за одбрана е буџет за одбраната на земјата како членка на НАТО-Алијансата и постепено ќе се зголемува и во наредните години додека не се достигнат 2 проценти издвојување од државната каса.

Буџетот за одбрана за 2021 година изнесува 11 милијарди и 97 милиони денари или 1,57 проценти од БДП. Со предложениот буџет, според министерката за одбрана Радмила Шекеринска, се обезбедува континуиран пораст на Буџетот на Министерството за одбрана за 0,2 процентни поени.

Парите се предвидени за воена интеграција во НАТО структурите, подмладување на персоналот во Армијата и подобрување на стандардот на припадниците на Армијата, финансирање на започнатиот процес на опремување и модернизација на војската, продолжување со обнова и реконструкција на објектите, како и уредување и осовремување на АП Криволак.

Шекеринска денеска на прес-конференцијата тематски организирана за предложениот буџет за одбраната за наредната година посочи дека Буџетот за 2021 година е буџет за одбраната на земјата како членка на НАТО.

„Покажуваме дека обврските, стандардите, критериумите коишто сме ги прифатиле како земја членка на НАТО, ги почитуваме. Затоа се зголемува буџетот за 0,2 проценти од БДП движејќи се кон посакуваните 2 отсто, но годинава за првпат целосно ја исполнуваме втората обврска на земјите членки на НАТО која што произлезе од Самитот во Велс, а тоа е повеќе од 20 проценти од буџетот за одбраната да се издвои за опремување и за модернизација, нагласи Шекеринска.

Министерката за одбрана наведе дека порастот на буџетот на одбрана за 0,2 процентни поени ќе продолжи и во 2021 година, но исто така ќе продолжи и во следните две години кога ќе се достигне нивото од два проценти од БДП што е и вториот дел од обврската што е преземена на Самитот во Велс.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе