Од 10 до 16 часот

Поради асфалтирање на патот Галичник – Маврово, сообраќајот во прекин

Јавното претпријатие „Македонија пат", подружница Скопје, од денеска ќе изведува градежни работи, асфалтирање на регионалниот пат село Галичник – Маврово.

Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), асфалтирањето ќе се одвива во правец од село Галичник кон Маврово. Работите ќе се одвиваат секој работен ден и за време на викенди во период од 10:00 до 16.00 часот, кога сообраќајот ќе биде во прекин.

На местото на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе