Попова Шапка покриена со снег во висина од 31 сантиметар

Висината на снежната покривка утрово во седум часот изнесува 31 сантиметар во Попова Шапка, 10 во Битола, два во Маврови Анови и еден сантиметар во Лазарополе. 

Од Управата за Хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови облачно со повремени врнежи од дожд, само на највисоките планини од снег. 

Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени. 

Во Скопје променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 9 степени.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе