Попова Шапка и со најмногу снег и со најниска температура

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 37 сантиметри, а таму изутрина во 7 часот е измерена и најниската температура во државава од  -7 степени.

Крушево има 14 сантиметри снег, во Маврови Анови 12, во Битола 11, шест во Пожаране, пет во Ѓуриште, а три во Тополчани, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минусни температури утрово изутрина се измерени и во Маврово -3, Kрушево -2 и во Битола и Тетово од -1, а нула степени се регистрирани во Скопје-Петровец, Штип, Охрид, Берово.

Според прогнозата на УХМР, времето денеска претпладне ќе биде умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намали насекаде и ќе преовладува сончево време. Максималната температура ќе биде од 7 до 13 степени.

Во Скопје претпладне со значителна ниска облачност, околу пладне и попладне сончево, а максималната температура ќе достигне 11 степени.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе