Попова Шапка доби Информативно-едукативен центар и еко-зони за одмор

Во манастирскиот комплекс на Попова Шапка отворен е Информативно - едукативниот центар, прв од ваков вид во регионот, а целта е да обезбеди информации за сите посетители за историјата, флората и дивиот свет на Шар Планина. 

Во центарот можат да се добијат информации и едукација за различни активности и можности за спорт на планина, вклучувајќи патеки за пешачење и велосипедизам, скијање, алтернативни форми на туризмот во текот на целата година, безбедносни протоколи, капацитети за сместување и услуги. Исто така, Центарот нуди простор за организирана посета на поголеми групи, основци, средношколци и студенти. Посетителите ќе најдат разновидна печатена, фото и видео документација за Попова Шапка, а на располагање на посетителите е в одич кој ќе може да им ја објасни на посетителите содржината на едукативниот агол. Центарот е отворен за сите посетители бесплатно. Центарот е опремен со предавална, пулт, дрвени штандови, места за напојување со електрична енергија, простор за одмор на отворено, ТВ, компјутер, проектор.

Покрај Информативно - едукативниот центар, на Шапка беа пуштени во употреба и двете еко- зони опремени со фотоволтаични панели и простор со маси и клупи за одмор. Овие еко-зони за одмор се наоѓаат на високо-планински терен, по должината на познатата „High Scardus Trail” патека и се сместени во Бачило „Извори на р.Пена” и Бачило „Грагор –Љуботен“.  Еко-зоните во бачилата  им овозможуваат на планинарите и посетителите:  место за одмор, пристап до електрична енергија за полнење на своите уреди, топли пијалоци, дегустација на традиционална храна (сирење, качамак, ајвар, домашен леб). Исто така, поставени се информативни табли во Ски центарот „Попова Шапка“ и на локациите со детални информации за посетителите за Еко – зоните.  

Целта на проектот е подобрување на атракциско – мотивирачките фактори на Попова Шапка и регионот, да се создаде дополнителна туристичка понуда  на Шар Планина во „отворен простор“, со цел да се зголеми интересот за посета на планините во ситуација на пандемија, да ги ублажи негативните економски последици од кризата ковид-19 и да придонесе за зголемена еластичност и одржливост на секторот за планински туризам во прекуграничниот регион Шара. Овој проект ќе придонесе за подобрување на туристичката инфраструктура, овозможувајќи подолго користење на дигитални уреди и еколошко снабдување со електрична енергија. Се очекува поинтензивна соработка помеѓу бројни засегнати страни и зголемување на нивните приходи. Проектот е реализиран од Здружението Планинарски клуб „Шара – Ски“ – Тетово, поддржан од Проектот за поддршка на економската диверзификација на руралните области во Југоисточна Европа (СЕДРА), по налог на Сојузното Министерство за економска соработка и развој (БМЗ) и спроведено од Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ).

 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе