УХМР

Попладне и утре пороен дожд и грмежи

Кон крајот на денов и утре ќе преовладува променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму посочуваат дека утре и в четврток ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен и западен правец.

Изолирана појава на нестабилност, претежно во планинските подрачја ќе има во четврток.

Од УХМР препорачуваат да се внимава во случај на појава на електрични празнења и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе