Помош од амбасадата на Франција за справување со кризата од ковид-19

За полесно справување со социјалните влијанија од кризата, француската амбасада обезбеди помош за Црвениот крст на град Скопје, за Гинеколошката клиника, а на здружението „ЛГБТ Јунајтед Тетово“ му додели грант од кој што дистрибуира повеќе од 200 пакети со храна, 100 маски за респираторна заштита и комплети за хигиена.

Амбасадата, како што соопштија оттаму, го поддржа и Црвениот крст на град Скопје со  помош за дистрибуција на 3.161 спакувани оброци, 2.450 комплети за хигиена и 2.350 други разни комплети кои биле поделени главно на лица со посебни потреби и семејства на самохрани родители.

Амбасадата, исто така предаде опрема за медицинскиот персонал на ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје, маски N95 и лична заштитна опрема за еднократна употреба, којашто итно им беше потребна.

Покрај тоа, со поддршка од амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, Универзитетската агенција за Франкофонија го прифати проектот на Медицинскиот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј од Скопје и неговиот Институт за биохемија во рамките на меѓународниот повик за универзитетски иницијативи за борба против пандемијата ковид-19. Овој проект, во висина од 20.000 евра, ќе овозможи да се направат значителен број серолошки тестови и да се набави заштитна опрема за вработените во здравствениот сектор.

 

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе