Помор на риби во реката Раец, од возило била испуштена непозната течност

Од возило била испуштена непозната течност која предизвикала помор на рибите во реката Раец во општина Кавадарци, покажа вонредниот надзор што го спроведе Државниот инспекторат за животна средина. Надзорот бил извршен во месноста Фаришки клисури, а присутен бил и јавен обвинител.

Се работи на откривање на сторителот, а земени се и мостри од угинати риби и вода кои ќе бидат доставени до соодветна лабораторија за понатамошно испитување.

„Врз основа на добиена информација од кабинетот на градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев за помор на риби во реката Раец, Кавадарци, вчера во доцните попладневни часови извршен е вонреден инспекциски надзор од страна на државен инспектор за животна средина од Одделението за инспекциски надзор во животната средина – Вардарски и Југоисточен, канцеларија Кавадарци. Констатирано е испуштање на непозната течност од возило во реката Раец, при што е дојдено до помор на риби“, информира инспекторатот.

Издадено е и соопштение за забрана за секакво користење на водите од реката Раец во селото Дреново.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе