Полицијата во Тетово делеше флаери со совети на тротинетчии, велосипедисти и мотициклисти

Во рамките на задничкaта превентивно-едукативна кампања "Носи кацига-биди внимателен учесник во сообраќајот", чии носители се РСБСП, МВР и Факултетот за безбедност од Скопје, денеска полициски службеници на СВР Тетово, на неколку пунктови во Тетово, делеа наменски изработени флаери на македонски и албански јазик, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

„Станува збор за околу 200 вакви флаери со пораки и совети до мотоциклистите, велосипедистите и лицата кои управуваат електрични тротинети-како и каде безбедно да се движат, на што посебно да внимаваат во сообраќајот и со укажување - задолжително да носат заштитна кацига, односно шлем.Целта на оваа кампања е да се подигне сообраќајната свест и култура на оваа категорија учесници во сообраќајот. Ова, дотолку повеќе што во Полошкиот регион деновиве осетно зголемен е нивниот број и бројот на другите возила, а со тоа и вкупната динамика и фрекфренција на патиштата“, рече Јосифовски.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе