По налог на ОЈО ГОК

Полицијата го приведе Драги Рашковски

Полицијава утрово го приведе поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, потврдуваат извори за МКД.мк. Заедно со Рашковски е приведен и Даниел Станчев, сопственикот и управител на фирмата „Инвока гроуп". Рашковски веќе е во Основниот кривичен суд во Скопје, каде треба да даде исказ пред судија на претходна постапка. 

Приведувањето е по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое донело наредба за истрага во случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци, кој не го користи ниту една институција.

Се бара притвор за Рашковски кој пред неколку дена поднесе оставка од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и на стратешки проекти. Премиерот Зоран Заев ја прифати оставката.

 

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе