По случајот во гостиварски Добридол

Полицијата досега приведе пет лица за подметнување на пожари

Синоќа во гостиварското село Добридол полицијата го лишила од слобода Н.Б. (34), жител на селото, кого го сомничи за подметнување на пожарот во атарот на селото. „Поради постоење основано сомение дека го предизвикал пожарот, Н.Б. е приведен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, велат од  МВР. Ова е петто приведено лице во врска со сомненија за предизвикување пожар во последниве три дена.

Во текот на вчерашниот ден беа приведени по едно лице за пожарите во прилепско и радовишко, вчера за пожар во ресенско, а завчера беше лишен од слобода албански државјанин за пожарот над с.Пожаране, Општина Врапчиште.

Во меѓувреме полициски службеници постапуваат и во врска со двете осомничени лица за пожарот кај Блаце и во координација со Јавен обвинител за пожарот кај Старо Нагоричане.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе