Реакција на Македонскиот полициски синдикат

Полицајците немаат предрасуди во случаите на насилство врз жени

По вчерашниот протест на Платформата на родова еднаквост за „Јавна соба" и ставот дека жените не ѝ веруваат на полицијата, со реакција излегоа и од Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен сидндикат. Од таму велат дека се цврсто се уверени дека нивните членови полициските службеници имаат изграденo голем професионализам и интегритет во работење и тие во никој случај при своето професионално работење и постапување со граѓаните, не се водени од родовите стереотипи и предрасуди.

„Нема да дозволиме како синдикат, поедини случаи да бидат генерализирани и на тој начин да се навредуваат и омаловажуваат полициските припадници дека се непрофесинални, неетички, а најмалку дека се родово несензибилизирани или во рамките на своите полициски постапувања и овлстувања истите се водени од прерасуди и стереотипи. Македонскиот полициски синдикат во континуитет работи на заштита на правата на полициските службеници и нивните секојдневни обврски кои истите ги имаат во извршувањето на службените задачи и во никој случај нема да дозволи на ваков начин истите да бидат омаловажени и навредени. Колку за потсетување сведоци сме и свесни сме дека полицаец го загуби животот при интервенирање по пријава за семејно насилство во Куманово. За жал можеме да констатираме дека на ваков начин докажуваме дека полициските службеници по секоја пријава постапуваат и преземаат мерки кои понекогаш имаат и трагичен крај", реагираат од Македонскиот полициски синдикат.

Од таму стојат зад ставот и потенцираат дека нема потреба од дополнителни правни акти во МВР за уредување на санкционирање во случај на семејно насилство, затоа што доколку другите институции надлежни за справување и заштита на жртвите од семејното и родово базираното насилство би биле „законски уредени и подредени“ како што е тоа правно и институционално регулирано во МВР, тогаш со сигурност тврдат дека насилниците ќе бидат соодветно санкцинирани.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе