Обвинителството ќе бара притвор

Полицајци и цариници „паднаа“ во голема полициска акција за шверц на стока и наркотици

Надлежен јавен обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка против деветте лица од кои двајца полициски службеници и петмина царински службеници. Лицата се осомничени дека сториле кривично дело криумчарење од член 278, а на тројца на товар им се става и кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по чл.215 од Кривичниот законик.

Од Обвинителството денес соопштија дека по повеќемесечно постапување под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денес од страна на МВР беше спроведена акција на повеќе локации во Куманово и Скопје.

Во текот на месец ноември 2021 година четворица осомничени меѓу кои двајца полициски службеници, како и повеќе лица земале учество во неовластено пренесување заради продажба на прекурсори кои во два наврати организирано требало да пренесат стока од царинската испостава Меѓународен аеродром Скопје до зелениот појас во близина на државната граница помеѓу државава и Косово. 

Осомничените царински службеници спротивно на нивните службени надлежности и покрај тоа што за пристигнатата стока модулот за управување со ризик при системот СОЦДАД (Систем за обработка на декларации и акцизни документ) определил црвен канал, што подразбира задолжителен детален преглед со кој ќе се спореди фактичката состојба со декларацијата, не постапиле и не извршиле соодветна контрола со која би ги утврдиле неправилностите. Со ваквото постапување како службени лица овозможиле преку царинска линија пренесување на стоки различни од декларираните.

Осомничените ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје во текот на денешниот ден.

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ценејќи дека се исполнети условите, ќе му предложи на судот на сите осомничени да им биде изречена мерка притвор.

„Денеска по преземени повеќемесечни мерки и активности по насока на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-сектор за недозволена трговија со дрога во содејство со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје спроведена е голема акција со претреси на повеќе локации во Куманово и Скопје, при што се лишени од слобода десет лица, и тоа Б.А. (35), М.А. (40), И.А. (45), И.Ф. (47), А.А. (43), сите од Куманово, А.Ж. (53), Т.Т.( 54), Д.К.Ш. (43), Џ.Ш. (36), од Скопје и Љ.Љ. (36) од Тетово, меѓу кои тројца полициски службеници и петмина царински службеници“, соопшти МВР.

Од Обвинителството велат дека заедно со МВР и Царинската управа продолжуваат со интензивна работа во насока на расчистување на случајот.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе