МВР со детали за двојното убиство

Полицајци ги нашле двете момчиња мртви во автомобил во Топанско Поле

Пукањето на булеварот „Македонско-Косовска бригада" во Скопје во МВР било пријавено околу 2.35 часот. Од МВР официјално велат дека полициските службеници двете момчиња на возраст од 28 и 24 години, ги нашле мртви во автомобил цитроен со скопски таблички. Смртта била потврдена од лекари на Итната медицинска помош.

„На 05.03.2021 во 02.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско - Косовска бригада" се слушнало пукање. По излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници, било пронајдено патничко моторно возило „цитроен" со скопски регистарски ознаки и две лица кои не давале знаци на живот. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт кај двете лица. Пронајдени се чаури од огнено оружје (пиштол и автоматска пушка)“, велат официјално од МВР

Како што веќе објавивме убиени се лицата Африм Бериша (28) и Бурим Вардар (24).

Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе