ХКЧП со критики до полициските службеници

Полицаец наместо да постапи за семејно насилство, ја исмејувал адвокатката велејќи ѝ дека не треба да се меша

Полициски службеник исмејувал пријавителка, наместо да постапи во случај на пријава од адвокатка за семејно насилство врз клиентка. Во случаите кои ги објави Хелсиншкиот комитет за човекови права (ХКЧП) постои и ваков случај во кој адвокатката која пријавила семејно насилство, била казнета за лажно пријавување. Од ХКЧП укажуваат дека со ваквото непостапување на полициските службеници во иднина жртвите, а и оние кои ги застапуваат се обесхрабрени да го пријавуваат семејното насилство. 

Адвокатка од Скопје која подолго време работи со застапување жртви на семејно насилство, пријавила случај со ризик од насилство врз странка која ја застапува, која веќе била жртва на семејно насилство и за која во моментот се водела бракоразводна постапка. Притоа сторителот во повеќе наврати при преземањето на децата вршел насилство врз жртвата, во неколку случаи и присилно ја внесувал и ја заклучувал жртвата во домот, не дозволувајќи ѝ да излезе или да се јави некому. Во овие ситуации жртвата повеќепати се случува да биде подложена на физичко и психичко насилство, да добива закани од

Во една од овие ситуации на преземање на детето од домот на сторителот, адвокатката на жртвата се јавила во полиција на 192 за да пријави постоење на ризик од насилство при предавањето на децата, со цел да не ескалира на повисоко ниво. Барањето на адвокатката од полицијата било некој да патролира во моментот кога ќе се предадат децата, притоа наведувајќи ја историјата на насилство и високиот ризик од повторување на таквото однесување од страна на сторителот. При пријавувањето на случајот, адвокатката најпрвин била исмејувана од страна на полицискиот службеник за својата постапка, која била несоодветно мешање во туѓи работи, воедно била обвинета дека ја измислува целата ситуација, имајќи предвид дека не се наоѓа на местото на случување.

Како краен исход, адвокатката била казнета за лажно пријавување и морала да плати казна бидејќи не се наоѓала на местото на настанот и оттука не била компетентна да пријави. Ова значи дека полицијата со нејзиното непостапување го игнорирала насилството кон жртвата кое се вршело долг временски период, не презела мерки за превенирање на евентуално ново насилство кое било многу веројатно да се случи имајќи ги предвид другите настани, а и не постапила по пријава на трето лице, односно адвокатка.

Полицијата има законска обврска да превенира семејно насилство секогаш кога има индиции дека тоа се случило или дека ќе се случи и не смее да ги игнорира пријавите од трети лица, кои исто така имаат обврска да пријават индиција на семејно насилство.

Во овој случај, не само што полицијата не постапила по пријава од трето лице, туку и презела дејствија за санкционирање на адвокатката што придонесува во иднина трети лица, меѓу кои и адвокати, да бидат обесхрабрени да ги застапуваат жртвите, а уште помалку да пријават насилство кога жртвите не се во можност, од страв дека ќе бидат санкционирани за своето постапување и дека ќе немаат средства да ја платат казната.

Во случаи кога трети лица пријавуваат сомнение за семејно насилство, полицијата има обврска да преземе мерки, односно да провери дали се основани сомненијата. Со праксата на санкционирање на пријавителите за лажно пријавување и непостапувањето на полицијата, најголемите штетни последици ги трпат самите жртви.

 

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе