Пограничните бугарски општини се мобилизираат за да го запрат пожарот што доаѓа од Пехчево

Градоначалникот на Симитли Апостол Апостолов и претседателот на општинскиот совет Владимир Христов, ноќеска на границата со Македонија ја проверуваа  состојбата со пожарот помеѓу Делчево и Пехчево и се координираа за потребните активности за негово запирање на бугарска територија, јави дописникот на МИА од Софија.

Според Апостолов, ситуацијата е многу сериозна, а силниот ветер што дува во областа на границата меѓу Бугарија и Северна Македонија дополнително ја отежнува ситуацијата. Тој рече дека бил во постојан контакт со властите во Македонија, како и со пожарникарите од Благоевград вклучени во гаснењето на пожарот.

Апостолов вели  дека акедонија се организирала, има многу луѓе на терен, како и хеликоптери, но во моментов огнот не може да се запре. Според информациите со кои располага градоначалникот на бугарската општина Симитли, пожарот ги зафатил селата Негрево и Царник. Апостолов разговараше и со директорот на Претпријатието за шумарство Симитли, Благој Кишев, кој го увери дека ќе биде испратен булдожер до подрачјето на границата помеѓу Македонија и Општина Симитли за да се направат ископи и се запре огнот ако помине од границата со Бугарија.

Раководството на Општина Симитли ги повика граѓаните кои живеат во повисоките населби на градот во близина на границата со Македонија да бидат што е можно повнимателни и доколку е потребно да се евакуираат во градот.

Веста за пожарот во Македонија е централна тема за бугарските медиуми, кои потсетуваат дека нивната земја им помага на градовите Пехчево и Делчево во соседната држава.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе