Поголема група мигранти била забележана во Грција, во близина на границата со Македонија

Поголема група мигранти била забележана во грчкиот град Поликастро во близина на границата со Македонија, пишува солунскиот информативен портал „Вориа" и објавува видео од групата како се движи паралелно со железничката пруга.

Порталот додава дека постојат случаи и кога мигрантите поставуваат шатори во близина на границата, чекајќи можност за нелегално да излезат од Грција.

Градоначалникот на општина Пеаниа Костас Сионидис за „Вориа" потврдува дека постои раздвиженост и вели дека ситуацијата потсетува на онаа од 2015.

„Постои континуиран, зголемен бран луѓе кон Идомени. Се плашиме дека актуелните околности може да доведат до ситуација слична на онаа од 2015“, вели градоначалникот на Пеониа Костас Сионидис.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, не станува збор за нова појава, туку периодично во близина на нашата граница, се забележуваат помали групи мигранти или поединци, во обид да изнајдат начин нелегално да излезат од Грција.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе