Поради незадоволство од текот на судењето за „Монструм“

Поголема група демонстранти со извици „УЧК“ се упати кон Обвинителството

Демонстрантите, поддржани и од опозициските партии на Албанците, се движат кон зградата на Обвинителството. Сообраќајот е затворен во тој правец. Институциите не нудат правда,затоа сме на улица, велат демонстрантите.

„Бидејќи нема правда во институциите, ние бараме правда преку улицата, на демократски начин", им изјави на новинрите Бедри Ајдари, како еден од организаторите на протестот за текот на судењето на случајот „Монструм".

Тој додаде дека обвинителството нема докази против обвинетите, но кога би видел вистински аргументи од страна на обвинителството, дека „капа би симнал“.

На протестот се користат свирчиња, но и сирени, често се слушаат извици „Учк“.

Протестот е поддржан и од опозициските партии Алијанса за Албанците и Алтернатива. Протестниот марш започна од паркот во Чаир и ќе заврши пред зградата на Обвинителството.

Полицијата, поради најавениот протест, затвори за сообраќај дел од улиците

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе