Социјална и здравствена политика

Мобилни медицински сервиси во селата со празни амбуланти

Поефикасен и полесен пристап до здраствени услуги за граѓаните се овозможува со мешаните здравствени и социјални сервиси во општината Кочани, а од неодамна и во општината Ресен. Станува збор за интегрирани услуги за обезбедување здравствена нега за лица, кои се во социјален ризик, кој во претстојниот период ќе се надградуваат и прошируваат во други региони на државата, како и во други сегменти на здравствената заштита, истакна министерот за здравство Венко Филипче, пред настанот посветен на Европскиот центар за социјална политика.

Развивањето интегрирани услуги за здравствена и долгорочна нега се реализира со поддршка на австриската амбасада и Австриската развојна агенција во Македонија.

Посочи дека станува збор за мобилни сервиси кои ги сочинуваат медицински сестри и социјални работници кои услугите ги носат поблиску до домовите или во самите домови на граѓаните во рурални средини, каде амбулантите се празни, заради тоа што таму не работи кадар.

Функционирањето на овие мобилни сервиси се одвива во рамки на проектот на Министерството за здравство, кој го реализира во соработка со Министерството за труд и социјална политика, како мобилен сервис за грижа во домашни услови, а се спроведува со поддршка од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), општината Кочани, Општата болница со проширена дејност во Кочани, Центарот за социјална работа во Кочани...
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска рече дека здравствено-социјалните ризици секогаш се испреплетуваат и потенцира дека во нашиот систем овој тип сервиси досега многу тешко се развивале.

„Токму затоа со поддшка на Aвстриската aмбасада и Австриската развојна агенција во Македонија заедно со Министерството за здравство веќе иницираме одредени дискусии и законски измени во делот на воспоставување здравствено-социјални сервиси. Во Кочани е првиот таков сервис каде здравствени работници заедно со социјален работник ги посетуваат семејствата со цел детекција и на едните и на другите проблеми и заедничко решавање. Очекувам дека во наредниот период и во Ресен и во Битола ќе се воспостават вакви сервиси за теренска посета на семејствата кои имаат различни проблеми со цел да утврдиме кои ќе бидат бариерите, препреките, предизвиците за ваков тип сервиси и дополнително понатаму ги имплементираме на национално ниво, потенцира Царовска.
Втора категорија здравствено-социјални сервиси кои се многу важни, нагласи министерката, е палијативната грижа во домашни услови, но исто така грижата за деца кои се со променето однесување, кои се корисници на дрога и сите овие сервиси во нашата држава не постојат, ниту имало законско решение“, ниту имало пракса.

„Во новиот Закон за социјална заштита, кој е во Парламентот како Министерството за првпат предвидуваме како би требало законски и правно да се решат овој тип сервиси. Очекувам сите пратеници да го изгласаат и во наредниот период со интензивна комуникација меѓу двете министерства да се воспостават здравствено-социјалните сервиси во нашата држава“, додаде Царовска.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе