На вливот на реките во Охридско Езеро

„Подводна еко патрола” на нуркачите од Центарот Амфора

Градежен шут, пластични шишиња, метални канти, автомобилски гуми, разна облека… пронајдоа нуркачите од Нуркачкиот центар Амфора кои успешно го реализираа проектот „Подводна еко патрола”.

Како што соопштија од Центарот, целта на овој проект беше да се детектираат вливовите на реките преку кои најмногу се загадува Охридското Езеро со цврст отпад. Притоа биле опфатени реките Черава, Грашница, Далјан и Сатеска.

„Состојбата со вливот на реките во езерото е алармантна. Овој проблем е одамна познат во пошироката јавност. Има присуство на големи количини отпад во форма на градежен шут, пластични шишиња, метални канти, автомобилски гуми, разна облека... 

Нуркачите од Амфора оваа состојба ја евидентираа со подводно фотографирање и снимање, а изработија и карта со загадени зони, односно црни точки”, се наведува во соопштението од Нуркачкиот центар.

Оттаму додаваат дека бидејќи цврстиот отпад доаѓа во најразлични форми и габарит, потребно е сеопфатно решение на овој фундаментален проблем, а постојат неколку практични решенија кои можат да се применат на вливовите. 

Меѓународниот нуркачки инструктор Јован Секулоски има неколку предлози за наједноставно справување со овој проблем се. 

1. Мрежна структура за зафаќање на отпадот која ќе се протега на ширината на вливовите, а потоа ќе се управува од копно или пловен објект.

2. Кит за чистење реки - иновативно решение засновано врз принципот на колекторска мрежа чија цел е да го акумулира отпадот кој лебди или е полупотопен и функционира како природна брана.

Инаку, овој проект е финансиран од Одделението за спорт во Општина Охрид. 

 

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе