четврток, 18 април 2024

Во бебешка храна за сиромашните земји се додавал шеќер, мед и засладувачи

Најголемата светска компанија за производи за широка потрошувачка „Нестле“ додава шеќер и мед во млекото и производите од житарки за бебиња што се продаваат во многу сиромашни земји, спротивно на меѓународните упатства насочени кон спречување на дебелината и хроничните болести.

Објавено на

часот

Сподели

Ова го утврдила швајцарската истражувачка организација „Паблик ај“ која  испратила примероци од храната за бебиња на „Нестле“, која се продава во Азија, Африка и Латинска Америка, на тестирање во белгиска лабораторија.

Со споредување на резултатите и декларацијата на производот, тие открија дека има додаден шеќер во форма на сахароза или мед во примероците на Nido, придружна марка на млечна формула наменета за доенчиња од 1 година и постари, и Cerelac, житарка наменета за деца на возраст од шест месеци до две години.

„Нестле“ мора да стави крај на овие опасни двојни стандарди и да престане да додава шеќер на сите производи за деца под 3 години, насекаде во светот, изјави Лорен Габерел, експертка за земјоделство и исхрана на „Public Eye“.

Истражувањето покажало дека нивото на шеќер во производите „Nido“ и „Cerelac“, кои се продаваат ширум светот под различни имиња, е дури 6 грама во Сенегал и Јужна Африка, додека најголема доза на вишок засладувач е пронајдена во нигерискиот примерок и изнесува 6,8 грама.

Кога станува збор за главните европски пазари на „Нестле“, вклучително и Велика Британија, нема додаден шеќер во млечните формули за доенчиња. Додека некои житарки наменети за постари деца содржат додаден шеќер, нема додаден шеќер во производите наменети за бебиња меѓу 6 месеци и 1 година.

Насоките на СЗО за европскиот регион велат дека додадениот шеќер или засладувачите не треба да се дозволуваат во храната за деца под 3 години. Иако не се развиени специјално насоки за други региони, истражувачите тврдат дека европскиот документ останува подеднакво релевантен за другите делови на светот.

„Ние веруваме во нутритивниот квалитет на нашите производи за раното детство и даваме приоритет на употребата на висококвалитетни состојки прилагодени на растот и развојот на децата“, изјави портпаролката на Nestlé.

Таа додаде дека во рамките на „високо регулираната“ категорија на храна за бебиња, „Нестле“ отсекогаш ги почитувала „локалните регулативи или меѓународните стандарди, вклучувајќи ги барањата за етикетирање и праговите за содржина на јаглени хидрати кои вклучуваат шеќери“ и ги декларирал вкупните шеќери во своите производи, вклучително и оние добиените од мед.

Варијациите во рецептите зависат од фактори, вклучително и регулирање и достапност на локални состојки, рече портпаролката.

Компанијата го намали вкупното количество на додадени шеќери во производите од бебешки житарки за 11% ширум светот во текот на изминатата деценија, рече таа, и продолжува да го намалува.

Во Африка, бројот на дебели деца на возраст под 5 години е зголемен за речиси 23% од 2000 година, според Светската здравствена организација, а на глобално ниво, повеќе од една милијарда луѓе се дебели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ