Ковид-19 ја „помати“ прославата

Поддржувачите на делото на Тито сепак го одбележаа Денот на СФРЈ

Македонците беа победници во Втората светска војна, под водството на маршал Јосип Броз Тито беа на страната на прогресивниот антифашистички свет, заедно со братските југословенски народи. Македонската држава е производ на партизаните и антифашистичката борба на македонскиот народ, заедно со други националности кои живеат тука, изјави Трајче Трендов, претседател на здружението „Јосип Броз Тито" од Кочани, по повод Денот на Републиката 29 Ноември, празникот на некогашната СФРЈ, кој традиционално го одбележуваат.

Со дефиле од возила накитени со македонски и југословенски знамиња, фотографии на доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, маршалот Јосип Броз Тито, поддржувачите на делото на Тито од здружението „Јосип Броз Тито" од Кочани денеска го одбележаа празникот 29 Ноември, денот на формирањето на некогашната заедничката држава во Јајце во 1943 година, со Второто заседание на АВНОЈ.

Поради состојбите со коронавирусот, беше откажан традиционалниот собир и свеченоста на која, преку краток историски час, тие секоја година на овој ден потсетуваа дека Македонија во рамките на Федерацијата, ја стекна својата држава.

„Поминаа 77 години од денот кога народите од дел од Балканот се обединија во заедницата на рамноправни и братски народи и народности - во држава Југославија, моќна и почитувана во светот. Се разбира, не се точни тврдењата дека Македонците тогаш го формирале својот идентитет. Не, тој постои оддамна. Но, Македонците беа победници во Втората светска војна, беа на страната на прогресивниот антифашистички свет, заедно со братските југословенски народи. Македонија како држава е производ на партизаните и антифашистичката борба на македонскиот народ, заедно со други националности кои живеат тука, изјави Трајче Трендов, претседател на здружението „Јосип Броз Тито".

Поради состојбата со пандемијата откажано е учеството на делегација на кочанските титовисти на традиционалната свеченост во босанскиот град Јајце, каде во 1943 година се одржало историското заседание на АВНОЈ.

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе