вторник, 16 април 2024

Изнемоштените и болните до полноќ да се пријават ако сакаат да гласаат за претседателските избори

Вечерва на полноќ завршува рокот во кој изнемоштените и болните можат да се пријават во Државната изборна комисија (ДИК) ако сакаат да го остварат правото на глас на претстојнитепретседателски избори.

Објавено на

часот

Сподели

„Избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место (немоќно или болно лице) а сака да гласа за тоа ќе ја извести Општинската изборна комисија (ОИК) најдоцна 7 дена пред денот определен за гласање, 16 април, до полноќ се посочува во роковникот на Државната изборна комисија.

Од ДИК информираат дека немоќните или болните лица гласаат во нивните домови еден ден пред денот определен за одржување на изборите.

„Ова гласање го спроведува избирачкиот одбор надлежен за спроведување на гласањето за избирачкото место каде припаѓаат овие лица, на 23 април (вторник)“, се посочува во роковникот на ДИК.

Кампањата за претседателските избори завршува на полноќ на 22 април.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ