Соопштение

Почнавме да извезувамe и кучиња, „Лајка“ вдоми миленичиња во Германија, Белгија и Шведска

Скопското јавно препријатие „Лајка“ кое се грижи за хуман третман на бездомните кучиња соопшти дека испратило кучиња за вдомувањeј во Германија, Белгија и во Шведска. Досега се вдомени 150 кучиња во земјава и во САД, а сега се продолжува со мисија на вдомување во земји од Европа.

Новите вдомувања од „Лајка" во Германија, Белгија и Шведска се само патоказ дека сме на вистинскиот пат, а на претпријатието му дадоа нова душа, информираат од ЈП „Лајка".

„По успешната кампања на јавното претпријатие за вдомување на бездомни кучиња во нашата земја, мисијата продолжи во САД, а сега веќе и низ Европа. Бројот на бездомни кучиња на улиците и трендот на напуштање миленици се трудиме да го претвориме во тренд на вдомување и одговорно сопствеништво“, велат од  претпријатието.

Миленикот треба да биде член од семејството, а чувањето куче претставува сериозна одговорност, само тие што се навистина подготвени да се посветат на чувањето миленик можат да се најдат на листата на вдомувачи, потенцира „Лајка и додава:

„Да вдомите куче од 'Лајка' е највисок акт на хуманост, соработка и доверба во нашата институција. Награда за нашиот труд, пожртвуваност и посветеност. Од прв ден срцето на 'Лајка' чука како едно на сите нас членови од тимот и секое едно куче кое го поминало прагот на прифатилиштето. Нашата работа менува судбини, спасува животи и допира до сечија душа. Нашите приказни се вистински, од скопските улици, тажни, но со среќен крај. Нашето работно време нема време за чекање, празник, нема ноќ и викенд. Кај нас секое куче станува член на нашето семејство, кое од ден на ден расте и се зголемува“.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе