Почна уривањето на бетонската база на Нефи Усеини во Охрид

Екипи на Општинскиот и на Државниот градежен инспекторат со механизација почнаа со демонтирање на базата за производство на бетон, лоцирана на самиот излез од Охрид на стариот пат кон Струга.

Станува збор за објект изграден минатата година од страна на Нефи Усеини, советник на ДУИ во Советот на Општина Охрид, за која веднаш беше издадено решение за уривање, со забелешка дека се работи за нелегално изграден објект.

Базата се наоѓа во непосредна близина на хотелот чие уривање започна пред четири дена.

За самата база беше соопштено дека е изградена на земјиште на Исламската верска заедница, доделено по пат на денационализација.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при последната посета на Охрид истакна дека е ирелевантно чии се дивоградбите, нагласувајќи дека не смее да има селективност во постапките по решенијата за уривање.

„Каде градоначалникот нема ингеренции, ингеренции има Државниот градежен инспекторат“, рече Сугарески. 

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе