Почна проектот „Обединети во различноста” на Цивил

Невладината организација Цивил го почна проектот „Обединети во различноста” во соработка со Министерството за надворешни и европски прашања на Луксембург. Преку овој проект, од здружението имаат за цел да пратат порака против национализмот и да ги повикаат граѓаните да продолжат со поддршката на ЕУ иднината на Македонија.

Од Цивил посочуваат дека целта е надминување на погубните последици од етничките тензии преку кампања за јакнење на јавната свест, за да се разберат и деконструираат националистичките наративи и да се предложат начини како да се надминат поделбите, тензиите и насилството по етничка основа.

„Македонското општество е мултикултурно, мултиконфесионално и мултиетничко. Овој факт на реалноста ги претставува и убавината и големите потенцијали на земјата. Различноста претставува огромен потенцијал за просперитет и благосостојба на сите индивидуи и заедници во општество што живее во хармонија со самото себе. Различноста ја поттикнува креативноста и ги зголемува можностите за успех во сите сфери на општеството, вклучувајќи ја и економијата, социјалната благосостојба, културата, образованието, како и од многу други аспекти. И… тоа е Европа“, соопшти Цивил.

Овој проект, како што дополнуваат во соопштение, е добра можност да се говори за убавината на различноста и да се даде глас на големото мнозинство од луѓе кои ги прифаќаат европските вредности и процесот на интеграцијата во Европската Унија.

„Гласот на граѓанките и граѓаните, креаторите на јавното мислење, јавните личности и граѓанското општество ќе бидат слушнати преку низа статии, изјави и интервјуа. Како и секогаш, Цивил останува отворен за сите што сакаат да придонесат кон иницијативата со прашања, коментари, статии, фотографии и видеа во контекст на различностите. Пораката е да бидеме „Обединети во различноста”. Да работиме за мир и просперитет и истовремено да го осознаеме богатството што произлегува од нашите различни култури, традиции и јазици“, посочија од Цивил.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе