Институтот за судска медицина го подготвува наодот

Починатиот Илче немал ковид-19, се чекаат анализите за утврдување на причината за смртта

Единаесетгодишниот Илче кој беше оставен без грижа речиси цела година и кој пред три недели ненадејно почина, немал корона вирус. Од Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје за МКД.мк официјално потврдуваат дека тестот за ковид-19 кој бил направен постмортем кај починатото дете, бил негативен.

Причината поради која настапила смртта кај детето за сега не се знае, а од Основното јавно обвинителство во Кавадарци известија дека се испитува од што починал малиот Илче.

 По наредба на обвинител телото беше предадено на обдукција во Институтот за судска медицина и се чекаат уште неколку резултатите. Наодот од анализите по направената обдукција треба да ја утврдат причината за смртта кај Илче.

За сега се чека на уште неколку лабораториски анализи за да се комплетира наодот кој потоа ќе биде предаден во Основното јавно обвинителство во Кавадарци.

Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, извршија увид во семејна единица во село Корешница, Демир Капија, каде на 5 октомври почина 11-годишно дете, штитеник на Специјаниот завод Демир Капија.

 Починатото момче беше згрижено во семеен дом пред еден месец, откако претходно беше пронајдено како целосно запуштено живее само во исклучително лоши услови во Охрид.

Неподвижното дете кое боледуваше од церебрална парализа беше оставено прво од неговиот татко, па од неговата мајка.

Како што пред неколку месец објавија дел од медиумите тој спиел на чергиче и не бил искапен цела година. Надлежните институции за случајот дознаа откако беа алармирани од сосетката која ги слушнала неговите крици.

По ова мајката на Илче го загуби родителското право над него, а заработи и кривична пријава заради пропусти во родителската грижа.

Тој закрепнуваше за Клиниката за детски болести во Скопје, а потоа беше згрижен во семеен дом каде за жал, на почетокот на месецов починал.

Лекарите од Институтот за судска медицина треба да дадат одговор за причината за смртта.

 К.Д.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе