Починат пациент сосе кревет украден од Инфективното одделение во Струмица

Утринава од амбулантата на Инфективното одделение во болницата во Струмица е украден починат пациент. Директорот на болницата Наќе Гогов изјавил дека 49-годишен пациент од Струмица утрово околу 9 часот бил хоспитализиран во инфективната амбуланта со зголемена температура, висок крвен притисок и малаксаност и починал за кусо време, пренесува СДК.мк. 

Веднаш потоа, неговите најблиски, со 20 други луѓе, влегле во инфективната амбуланта и сосе кревет го извадиле надвор, каде што ги чекало комбе и го транспортирале дома. Случајот е пријавен во полиција.

На починатиот пациент не стигнале да му направат тест за ковид-19.

Струмица е ново жариште на коронавирусот, во моментов има активни 108 случаи на ковид-19.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе