Почина радионовинарот Марко Илковски

Во 75-тата година од животот почина Марко Илковски, долгогодишен новинар во Македонско радио.

„Илковски целиот работен век го помина пред микрофонот на Радиото, на кое му го посвети секој миг од раните утрински до ноќните часови. Остави траен белег во Радиото со многу документарни емисии и програми посветени на нашите иселеници, Македонската православна црква и на сите драматични настани во историјата на македонската држава“, информираат од Македонско радио.

Посмртните останки на Марко Илковски се изложени денеска во капелата на Градските гробишта Бутел.

Како што објавија неговите роднини на Фејсбук, Марко Илковски беше доајен на новинарството и целиот животен век го помина како новинар во Македонско радио.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе