Денеска на 98 години почина првоборецот и носител на Партизанска споменица 1941, Раде Гогов. Тој беше учесник во Народноослободителната и антифаштичка броба од 1941 година, соопшти Сојузот на борците од Народно ослободителната борба на Македонија.
Телеграма со сочувство до семејството испратија претседателот на Главниот одбор на боречката организација, Никола Стојановски и претседатетлот на Градскиот одбор на борците од НОБ, Трајко Стаматоски.
Телеграма во свое и во име на Владата .упати и премиерот Зоран Заев. Меѓу другото во телеграмата се вели:
„Неговата посветеност кон стратешките цели на државата и кон борбата за поубаво, слободно и напредно општество, го прават неговиот животен пат судбински испреплетен со патот на нашата татковина. Како борец на НОБ, ќе остане запаметен по храброста и неговите преданија за македонската борба за слобода. Нека му е вечна славата".
“