Жална вест

Почина професорот и воен историчар д-р Александар Стојчев

По кратко боледување и компликации како последица на ковид-19, вчера на 46-годишна возраст во Скопје почина универзитетскиот професор и воен историчар д-р Александар Стојчев.

Професорот Стојчев од 2006 година бил раководител на Службата за воена историја – Воен музеј во Министерството за одбрана, а претходно во периодот од 2002 година до 2006-тата година бил асистент по Воена историја на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје.

Во својата професионална кариера тој бил и доцент и вонреден професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје за област Воена историја и наставник по предметот „Балканските војни и Првата светска војна“ на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

Тој е автор на повеќе книги од областа на воената историја, а меѓу најпознатите и најкористените се „Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија во 1913 година“, „Студија за формирање на Музеј на Првата светска војна“, „Нобеловците и АРМ за мирот“, „Дојран 1915-1918 (Воени операции)“ како и „Историја на воените мапи на Република Македонија“.

„Со длабоко жалење ја примивме веста за смртта на директорот на Воениот музеј, д-р Александар Стојчев. Беше извонреден соработник, добар колега, секогаш посветен на документирање на историските настани. Изразуваме длабоко сочувство до семејството. Слава му!“, напишаа на Фејсбук страницата на Министерството за одбрана.

 

 

 

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе