Жална вест

Почина проф. д-р Бранко Василевски

По кратко боледување денеска почина познатиот професор и експерт за максилофацијалната хирургија д-р Бранко Василевски. Во текот на својата академска кариера остварил исклучително плоден научен и стручен опус објавуван како во домашни, така и во угледни стручни странски научни списанија.

Д-р Бранко Василевски, како редовен професор на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј" во Скопје, целиот свој работен и животен век ги посвети на развојот на максилофацијалната хирургија, каде остави огромен придонес во македонското здравство.

Во текот на својата академска кариера остварил исклучително плоден научен и стручен опус во домашни и меѓународни научни списанија. Во 1966 година бил избран за прв претседател на Стоматолошката секција на СР Македонија. Во 1988 година бил Генерален секретар на Здружението на пластичните и максилофацијалните хирурзи на Југославија. Во 1996 година бил претседател на Здружението на пластичните и максилофацијалните хирурзи на Република Македонија.

Бил член и на издавачкиот совет на стручното списание „Македонски стоматолошки преглед“ од 1999 година. Од 1996 до 2004 година бил советник на Европската асоцијација за кранио-максилофацијална хирургија, со седиште во Лондон, Велика Британија. Од септември 2004 година е избран за член на издавачкиот совет во Европската асоцијација за кранио-максилофацијална хирургија.

Во 2004 година му била доделена Повелбата „Трифун Пановски" како највисоко признание од страна на Македонското лекарско друштво.

Погребот ќе се одржи на 16 март 2021 година, во 13 часот, на гробиштата во Бутел.

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе