Спасески Охридски беше лекар специјалист, ортопед - хирург, уметник, писател.
Автор е на бројни уметнички дела видени на изложби во земјава и во странство, автор на поетски и прозни дела.
Минатата година со голем мултимедијален проект во црквата Св. Софија, тој одбележа 30 години од неговата прва изложба во 1989 година.
„Самопожртвувано, низ секојдневна клиничка пракса им помагаше на пациентите, а со својот позитивен лик, енергичност и сестраност секогаш беше тука и за колегите, за професионална дискусија, личен разговор, совет и поддршка. Ќе биде запаметен и по неговиот општествен, хуманитарен ангажман како и по неговата пасија за уметноста, особено сликарството и поезијата“. – се вели во пораката со сочувство на Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо" – Охрид.
„Останавме без врвен доктор, вреден охридски интелектуалец, ликовен уметник, писател и обичен човек со ретки естетски вредности и филозофски размисли.
Јас останав без голем пријател и колега, со кого делевме многу добри и важни нешта и успешно се справувавме со сите предизвици. За жал, останавме без еден голем човек кој ќе влезе во колективната меморија на древниот Охрид. Неговото дело ќе биде гордост за неговото семејство, сограѓаните и интелектуалните кругови, не само во нашата држава, туку и во целиот свет“, објави градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.