Жална вест

Почина новинарот Марјан Јанев

Покрај неговиот професионален ангажман како новинар, Марјан Јанев посебно се ангажираше и во Сојузот на слепите на Македонија, посветено залагајќи се за подобрување на општествената положба на лицата со оштетен вид.

Во Струмица, вчера, во 60-та година од животот, ненадејно почина новинарот Марјан Јанев. Роден е во Струмица на 20 февруари 1962 година. Своето основно и средно образование го добива во Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје и во гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица.

Со висок успех и на восхит на своите колеги, но и на професорскиот кадар, Јанев ги заврши Интердисциплинарните студии по новинарство на Правниот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Својот професионален ангажман Марјан Јанев го остварува во Македонското радио, во најголем дел во Трета програма, се до заминувањето во предвремената пензија.

Зад него стојат бројни прилози посветени на актуелни општествени теми, во кои до израз доаѓа неговата новинарска оригиналност во однос на третманот на темите и стилот на пишувањето. Аргументираноста, објективноста и непристрасноста беа главните карактеристики на неговиот новинарски ангажман. Како вљубеник во пишаниот збор, тој зад себе остави и една книга со поезија.

Марјан Јанев посебно се ангажираше и во Сојузот на слепите на Македонија за подобрување на општетсвената положба на лицата со оштетен вид. Тој беше пионер во употребата на компјутерска технологија за користењето на Брајовото писмо. Како резултат на неговиот ангажман во 2007 година дојде до изработка на посебни компјутерски програми, од страна на „Семос“ и тогашниот весник „Дневник“, со кои на лицата со оштетен вид им беше овозможено да користат компјутери.

Погребот на Марјан Јанев ќе се изврши денеска во 13 часот на Градските гробишта во Струмица.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе