Подготви бројни репортажи и документарни емисии посветени на луѓе и настани од Кочанско. Автор е на седумдесетина дела, од кои голем дел се посветени на културниот живот на Кочани. Има издадено и неколку поетски збирки, меѓу кои и препеви од словенечки јазик, а последните години работеше на едицијата „Богатство запишано во времето".
Герасимов е добитник е на Годишната награда за новинарство на МРТВ, на Седмосептемвриската награда на Кочани и на други награди и признанија.
Погребот ќе биде утре на Градските гробишта во Кочани.