Голем човек и голем Македонец, чичко Георги почина на својата 30-годишнина како главен и одговорен уредник на „Народна волја“, весник што тој го издаваше во Бугарија наспроти сите проблеми на кои наидуваше – конфискување, смртни закани по телефон...
Се претвори во симбол на издржливоста на македонскиот дух во Пиринска Македонија. Од 2012 до 2021 година беше копретседател на ОМО Илинден-Пирин, а во јуни годинава беше изгласан едногласно за почесен претседател на партијата.
Остави безбројни статии, некои од кои се собрани во неговата книга „Гневот на правдата“, наслов кој добро ја одразува неговата животна заложба, глад и жед за слобода и правда.
Во негово лице Македонците во Бугарија изгубија голем борец и лидер, човек кој вдахновуваше и воодушевуваше. Не напушти за да влезе во меморијата и историјата.
Тоа е ден на жалост за сите Македонци во Бугарија, соопшти ОМО Илинден-Пирин.