Жална вест

Почина Георги Христов, еден од најголемите борци за правата на Македонците во Бугарија

На 90-годишна возраст, после боледување од ковид-19 вчера умре Георги Стоев Христов (Јан Пирински).

Голем човек и голем Македонец, чичко Георги почина на својата 30-годишнина како главен и одговорен уредник на „Народна волја“, весник што тој го издаваше во Бугарија наспроти сите проблеми на кои наидуваше – конфискување, смртни закани по телефон...

Се претвори во симбол на издржливоста на македонскиот дух во Пиринска Македонија. Од 2012  до 2021 година беше копретседател на ОМО Илинден-Пирин, а во јуни годинава беше изгласан едногласно за почесен претседател на партијата.

Остави безбројни статии, некои од кои се собрани во неговата книга „Гневот на правдата“, наслов кој добро ја одразува неговата животна заложба, глад и жед за слобода и правда.

Во негово лице Македонците во Бугарија изгубија голем борец и лидер, човек кој вдахновуваше и воодушевуваше. Не напушти за да влезе во меморијата и историјата.

Тоа е ден на жалост за сите Македонци во Бугарија, соопшти ОМО Илинден-Пирин.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе