По трагедијата во модуларната болница во Тетово

По завршените обдукции на 14 тела, денес се правеше уште една на почината 20-годишна девојка позитивна на ковид-19

За период од 24 часа Институтот за судска медицина ги заврши обдукциите на 14 тела на починатите во пожарот што изби во модуларната болница во Тетово. Денес е донесено уште едно тело, на почината девојка на возраст од 20 години, и таа обдукција е завршена. Завршени се и ДНК-анализите и идентификацијата на починатите. Меѓу починатите има сопружници и мајка и ќерка, а телата на сите починати денес им се предадени на семејствата за погреб.

Од Обвинителството соопштија дека 12 лица од починатите биле пациенти кои се лекувале во модуларната болница, а двајца биле од надвор. Станува збор за сопруга и ќерка на пациенти, кои исто така загинаа во пожарот.

По налог на обвинителството извршена е обдукција и на почината пациентка, која настрадала од ковид-19 и за чиј живот се борел медицинскиот персонал непосредно пред избувнувањето на пожарот.

Телото на веќе починатата пациентка било изнесено во моментот на избувнување на пожарот. Обдукцијата по барање на обвинителството беше извршена за точно утврдување на причините за смртта, при што се констатира дека настанатата смрт не е последица од пожарот, истакнаа од ОЈО.

Истрагата е во тек, а обвинителот кој што издаде наредба за обдукција врз телата на починатите, за десетина дена треба да ги добие и изготвените наоди кој ќе влезат во папката со докази за овој трагичен настан. Деновиве ќе се завршат и останатите анализи кои на судските медицинари им се потребни за да ги завршат извештаите за обдукциите и да ги предадат на Обвинителството. Во институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје обдукциите се правеа под посебни протоколи бидејќи се работеше за пациенти позитивни на ковид-10.

Истрагата за оваа трагедија ја водат тројца обвинители од Основното јавно обвинителство во Тетово и двајца од Скопје, вклучени се и експерти од странство.

Обвинителството презеде мерки за обезбедување на видео-снимки од ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, од и околу болницата, околните деловни објекти, станбени згради, куќи, како и обезбедување на целокупниот видео-материјал објавен, како од индивидуални поединци, така и од социјалните мрежи. Снимките се вештачат по издадени наредби од обвинителството и се очекува извештаите од нивната анализа да помогнат во расчистување на настанот.

Министерот за здравство Венко Филипче на вчерашната прес-конференција, која ја одржа по речиси 20 часа од пожарот во модуларната болница во Тетово, во која загинаа 14 лица, се извини за доцнењето, но нагласи дека сакале да ја соберат целокупната документација, како и сите информации.

За тоа дали ќе поднесе оставка министерот Филипче рече дека ќе чека да заврши истрагата, па да донесе одлука дали ќе се повлече од министерската функција.

„Имаше повика за моја оставка, но ќе инсистирам прво да заврши истрагата, па ќе донесам оставка. Јас не бегам од одговорност, но и во овој период има потреба од менаџирање и после завршување на истрагата ќе донесам одлука дали ќе поднесам оставка. Тешко е да се опише со зборови тежината и болката која што ја носам во овој период и изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите", рече вчера Филипче.

К.Д.

 

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе